Милановиќ: Погрешно е да се влегува во идентитетски прашања за еден народ

од Берта Китинска

Претседателот на  Хрватска Зоран Милановиќ смета дека изјавата на португалската министерка дека „северномакедонскиот јазик бил дел од бугарскиот“ е од невнимателност и  незнаење.

– Во врска со внатрешни прашања на земјите, можам да одговорам и со поставување на аналогија на проблемот во кој се најде Македонија. Што ќе се случи ако Хрватска го доведе во прашање црногорскиот или бошњачкиот јазик, кои се блиски јазици и на кои се разбираме, а како посебни јазици ги прифативме пред некоја деценија. Па се разбира, не може да се одрекне правото на еден народ на свој јазик. Неморално е да оспорувате нечиј јазик, нечиј идентитет. Јазикот е идентитетот на еден народ. Погрешно е да се влегува во идентитетски прашања за еден народ, држава. Европската Унија е заедница на народи, на посебни идентитети. Таа изјава на португалската министерка би можел да кажам дека е резултат на незнаење и невнимателност. Тоа пак, прашање, е неважно за Португалија. Еве, јас не би коментирал прашања кои се поврзани со некои односи на Шпанија кон Португалија. Или за прашања меѓу Бугарија и Романија. Македонците се нација, па не станавте нација сега. Што побрзо ги сфатиме тие работи, ќе бидеме поблиску до европските вредности, рече Милановиќ на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски која се одржа во Загреб.

Слични содржини