Милановиќ за задолжителна вакцинација во ЕУ: Тоа е многу лош пат по кој одат испаничени политичари

од Milan1

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја коментираше изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која ја спомена можноста за задолжителна вакцинација во ЕУ.

„Мислам дека ова е многу лош пат по кој одат испаничени и кусогледи политичари. Не сум традиционалист или конзервативец, но во обидот да се контролира све, гледам пропаст и опасност, истакна Милановиќ.

„Секој иден чекор е чекор кон дистопија. Не велам дека овие луѓе имаат такви намери, но тоа води до тоа и имаат поддршка од нашите политичари кои немаат поим за тоа. Вакцинирајте се, земете бустер доза. Повторувам, Омикрон ќе дојде и ќе си оди. Мирно и без страв“, рече Милановиќ.

Слични содржини