Mилчин: На земјава ѝ фали попис, за да можеме да кажеме дека имаме демократски избори

од Nikola Popovski

„На Македонија ѝфали нешто битно во последните 18 години, а тоа е попис, за да можеме да кажеме дека имаме демократски избори. Ние не знаеме колку живеат овде“, изјави Владимир Милчин за емисијата „Само вистина“.

„Последниот беше во 2002 година, после тоа имаше еден неуспешен обид во 2011, кои партиите го минираа. Тоа отвора сериозни сомнежи, како да имаме доверба во резултатите од изборите, ако го додадеме и хакирањето на сајтот на ДИК“, смета Милчин.

За него, оваа изборна победа на СДСМ е пирова, затоа што им ги врзува и ваквото ситно мнозинство нема да им овозможи да ги спроведат добрите намери.

Слични содржини