Миленко Неделковски: Груевски избегал со логистичка поддршка од Вучиќ

од desk4

Миленко Неделковски преку Фејсбук се пофали дека прв објавил каде е поранешниот премиер Никола Груевски. Тој тврди дека Груевски побегнал со логистика од Стоиљковиќ и Јакимовски, од Крива Паланка во правец на Подржи коњ и Луке, па во близината на тромеѓето со Србија и Бугарија кај Пролесје во Србија.

Според Неделковски, поранешниот премиер потоа одел преку Радовница и Доњи Стајевац кон Врање.
– Од таму за Белград, Нови Сад со асистенција на Вучиќ. Од таму по наредба и со дозвола на Орбан преку граница каде нема граничен премин во близината на селото Горњи Таванкут. И ондак то, напиша Неделковски.

Слични содржини