Миленковски: Три децении слушаме за реформи во образованието, но ништо не се превзема

од Viktor Jovanov

Состојбите во македонското образование се многу лоши, поразителни. Од основното до високото образование. Резултатите кои се извлекоа преку тестирањето покажуваат колку македонскиот образовен систем е раздробен. Доколку сакате да уништите една нација, држава, земете му го образованието ќе видите каде ќе дотерате. Во образованието сме дојдени до еден просјачки стап, вели Аце Миленковски ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент.

-Во македонското образование не треба да има милиметар остапки, освен остро и строго модернизирање и зголемување на нивото на образованието. Треба да се врати каде што беше пред неколку децении и да се издигне каде што припаѓа. Образованието е еден столб. Ова ние последниот вагон да го вратиме образованието, системот образовен е раздробен, вели Миленковски.

Тој додава дека три децении се граѓаните слушаат за реформи во образованието, но ништо не се превзема во врска со тоа.

Слични содржини