Милевски: Деблокирањето на Собранието не зависи само од Заев и Мицкоски 

од Берта Китинска

Лидерот на  ЛДП,  Горан Милевски, во Студио 10 информираше дека партијата се подготвува за самостоен настап на локалните избори.

-Сакавме да дадеме тежина на самостоен настап затоа што 5 изборни циклуси одевме во коалиции. Сакаме да ги демантираме шпекулациите дека ова е за подигнување на цената во коалицијата.Доволно се направија реформи, па сметаме дека сите треба да ги понудат своите програми. Граѓаните треба да имаат либерална опција“, вели Милевски.

Тој во пресрет на денешната средба на Заев и Мицкоски напомена дека деблокадата на Собранието нема од нив  да зависи.

-Од денешната средба не зависи деблокадата на Собранието бидејќи имаме блокада од страна на албанските  политички партии, кои велат дека ќе поднесуваат амандмани додека не се усвои законот за државјанство, вели Милевски.

Слични содржини