Милевски до ВМРО-ДПМНЕ: Викаат дека имаме здравствена и енергетска криза, а бараат брзи избори

од Nikola Popovski

Јас сум министер 2 години и од тие можеби повеќе од година дена сум министер во техничка влада со ограничени можности. Сега проектите стојат во министерството затоа што не смееме да потпишеме бидејќи е изборен процес, а треба да ги финансираме локалните самоуправи. Парите и капиталните инвестиции нема да бидат реализирани оваа година, затоа што имавме избори и кампањи, вели лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски во емисијата „24 анализа“.

Според него, барањата на ВМРО-ДПМНЕ за брзи парламентарни избори се лоши.

-Викаат дека имаме здравствена криза и енергетска,а бараат нови избори. И се повторно ќе биде блокирано. Треба да се занимаваме со граѓаните, а не со политиките, порачува Милевски.

Слични содржини