Милевски: Дури и трафостаниците им се непријатели на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Откако синоќа ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за тоа што снемало струја за време на отчетот на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски за првите 100 дена од работата на градоначалниците, се огласи и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. Според него, ова е трагикомична ситуација.

-Дури и трафостаниците им се непријатели. Можеби тоа што го кажуваа синоќа на отчетот толку било силно што рушеле звучни ѕидови. Можеби трафостаницата пукна и се запали од историскиот и тежок говор. Мислам дека во некои работи се претера, вели Милевски во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Синоќа ВМРО ДПМНЕ побара одговорност од власта зошто снема струја во моментите кога Мицкоски давал отчет за сработеното во општините.

-Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија.Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор.Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја?Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, се вели во соопштението.

Слични содржини