Милевски: Името на новиот премиер не и толку важно, туку како ќе продолжи новата политика

од Берта Китинска

Нас не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика нагласи Горан Милевски, претседател на ЛДП во „Утрински Брифинг“.

-Оставкате е дефинитван и нема сомнеж и нема ние што тука да се дебатира, ние тоа го знаевме бидејќи тоа ни беше најевено од него уште по првиот круг. Заев откако објави дека ќе поднесе оставка на позицијата премиер, ќе побара мислење од коалиционите партнери за новото име што треба да ја предводи Владата.Оставен е простор дека името е отворена тема, рече дека ќе го слушне мислењето на коалициопните партнери оваа недела. Нас не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика. Тој сака да се трансформира СДСМ, сака да се трансформира и Владата. Имаме уште 2,5 години. Ако ова парлемантрано мнозинство има искрени намери да ги промениме работите, тогаш граѓаните тоа ќе го видат, но ако продолжиме на овој начин, дури и порано ќе има промена на Владата, рече Милевски.

Слични содржини