Милевски му ја предаде функцијата на Пенов

од Nikola Popovski

Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа.

По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски.

На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.

Поранешниот градоначалник денеска со 63 гласови „за“ беше избран за нов министер во владата на Димитар Ковачевски.

Претходно Милевски најави дека си заминува функцијата поради лични причини.

Слични содржини