Милевски: Одигравме одлично, поразот е незаслужен

од Nikola Popovski

Тимот одигра одлично, а поразот е незаслужен, вака селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Боби Милевски го виде вечерашниот дуел против Грузија во Тблиси, кој го загубивме со 2-0.

Милевски истакна дека е горд на она што го прикажале неговите избраници и смета дека заслужиле повеќе.

-Доминиравме 90 минути и заслуживме многу повеќе. Грешките се составен дел од спортот и секој треба да работи на психолошката подготвеност пред да дојде на собир со репрезентацијата, кажа Милевски.

Селекторот застана во одбрана на Дарко Велковски кој го повлече од игра по примениот втор гол, откако неговата грешка придонесе за вториот гол на Грузијците.

– Денеска на Велковски му е најтешко. Сепак, ние сме тим, победуваме и губиме како тим. Има поддршка од мене и од цел тим. Никогаш нема да издвојувам кој игра добро, а кој лошо, заклучи Милевски.

Грузија има 13 бода во оваа група, Македонија остана на седум. Грузијците пред три месеци славеше и во Скопје со резултат 3:0.

Слични содржини