Милевски побара од општините да користат „Северна“ во документите

од Nikola Popovski

Министерството за локална самоуправа преку писмен допис од сите единици на локалната самоуправа побара да користат „Северна“ во документите.

„Секоја употреба на други зборови, освен зборовите „Република Северна Македонија“ во свечената изјава е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија, како највисок правен акт во хиерархијата на правниот поредок“, се наведува во соопштението на министерот Горан Милевски.

Тој наведува и дека треба да се имаат предвид штетните последици кои можат да произлезат од нефункционирањето на советите, односно општините, и штетните последици со кои се нарушува меѓународниот углед на земјата и се поткопува правниот поредок, поради непочитување на Уставот.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип го чека инспекцискиот надзор од Министерството за локална самоуправа, откако синоќа министерот за локална Милевски го најави за општините Штип и Аеродром, за дадените свечени изјави со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија.

Слични содржини