Милевски: Предлогот на Мицкоски за 90 пратеници е копија на идејата на ЛДП уште пред 12 години

од Nikola Popovski

Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски ја поддржува идејата за намалување на бројот на пратеници во Собранието, потенцирајќи тоа е нивен предлог како партија уште од 2010 година.

-ЛДП во 2010 ја промовира идејата за „рационален парламент“ со 90 пратеници. Тоа е запишано и во програмата на ЛДП “Има Излез” – на страна 9. Предлогот на Мицковски даден при вчерашното негово гостување во емисијата 360 степени на Алсат, е копија на предлогот на ЛДП кој е даден уште пред 12 години, соопшти Милевски.

Министерот посочува дека „знае дека идеите на ЛДП во моментот на предлагање се неразбирливи и неприфатливи, но добро е да се знае дека сме пред времето со нашите ставови“.

-Се радуваме што и другите политички чинители конечно разбираат дека на македонската држава и требаат мали и ефикасни институции, појаснува Милевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоско во вчерашното гостување во емисијата „360 степени“ предложи намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, како и за воведување на изборен модел со една изборна единица.

Мицкоски вели дека така ќе се намали бројот на привилегирани пратеници, а со тоа и фрустрацијата на граѓаните, за која тврди дека сега е преголема.

Слични содржини