Милевски се повлекува од министерската позиција: „Време е да дојде друг кадар од ЛДП“

од Берта Китинска

После 3 годишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели за „Локално“, лидерот на ЛДП и министер, Горан Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

„Раздор во партијата не постои“, тврди лидерот на ЛДП, посочувајќи дека до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни одлуки во партијата.

-Сите сме во редовна и нормална комуникација. До крајот на годината треба да одржеме редовен конгрес и до тогаш ќе одлучиме сите заедно што е најдобро за партијата. Има доволно време до тогаш да ја донесеме најдобрата одлука, посочува тој.

Според информациите во медиумите најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници на ЛДП, заедно со Боби Мојсоски.

Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција од Андреј Жерновски кој премина во СДСМ откако му заврши мандатот како градоначалник на Центар.Партијата на Милевски ја даде поддршката на владејачката коалиција во време кога опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците, заедно со дотогаш владејачката Беса, се обиде да ја урне власта преку изгласување на недоверба.

Б.М.

Слични содржини