Милевски: Сите опции се отворени, можно е ЛДП самостојно да настапи на претстојните локални избори

Во своето гостување во Студио 10, актуелниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски се осврна на евентуалните предвремени парламентарни избори, но и потенцираше дека постои можност ЛДП да настапува самостојно на претстојните локални избори во октомври.

„Коалицијата е стабилна, Владата има политичка стабилност, посветени сме на реформите. Не е сериозно на секои 100 дена да правиме избори, така не оди во демократскиот свет. На редовните избори ако победи опозицијата легитимно е правото да бараат предвремени, во спротивно нема место за такво нешто. Сите опции се отворени, размислуваме како ЛДП и за самостоен настап бидејќи е најлогично на локалните избори да се оди самостојно, во следните две недели ќе решиме како ќе настапиме, па навреме ќе ја информираме јавност“, истакна Милевски.

Слични содржини