Милевски утре ја поднесува својата оставка до Владата

од Nikola Popovski

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски утре и официјално ќе ја депонира својата оставка до Владата. Според информациите, тој утре ќе го извести премиерот за причините за неговото заминување, како и за сѐ што досега има сработено во министерството.

Освен од министерската, Милевски се повлекува и од лидерската функција во ЛДП. Претходно во изјава за „Локално“, Милевски информира дека раздор во партијата не е причина за неговото заминување.

-Сите сме во редовна и нормална комуникација. До крајот на годината треба да одржеме редовен конгрес и до тогаш ќе одлучиме сите заедно што е најдобро за партијата. Има доволно време до тогаш да ја донесеме најдобрата одлука, рече тој.

Се уште не е познато кој ќе го замени Милевски во Владата, иако се шпекулира со името на поранешниот градоначалник на Скопје и поранешен лидер на ЛДП, Ристо Пенов.

Пратениците од ЛДП тврдат дека дека раководството на партијата е во секојдневна комуникација.

-Ќе ми биде предизвик да бидам првата жена претседателка на партијата, изјави пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова во разговор за „Локално“.

Горан Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година.

Слични содржини