Милевски: Владиката Агатангел е срам за МПЦ, ја извалка мантијата под која што е

од Nikola Popovski

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска во име на Владата присуствуваше на манифестацијата во градот Кавадарци по повод одбележување на големиот христијански празник Св.Трифун во присуство на голем број учесници и граѓани.

-Им го честитам Св. Трифун на сите православни христијани и на сите лозари им посакувам успешна и плодна година. Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Да беше свесен што зборува, немаше да го каже. Господинот Агатангел, ако може да се нарече господин, е срам и штетник за црквата и од МПЦ треба да размислат кого испраќаат на вакви настани, рече Милевски од плоштадот во Кавадарци.

Според него, како што „црвите и мувите се штетни за лозарите, така и Агатангел наштетува“.

-Го величеше лидерот на опозицијата Мицкоски. Ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се гордее со неговата поддршка, тогаш нека му е на чест, рече Милевски за контроверзниот говор на владиката.

Слични содржини