Милијардер дал оглас: Барам жена за пат до Месечината

Милијардерот Јусаку Маезава дал оглас во кој бара жена која би патувала со него во вселената.

Маезава е Јапонец, има 44 години и е првиот сопственик на карти за пат до Месечината, кое го организира SpaceX. Тој е познат по тоа што пред неколку дена преку Твитер поделил околу 9 милиони долари на своите следачи.

Неговото богатство се проценува на две милијарди долари, а основач е на најголемиот јапонски ланец за облека, Zozo.

Во септември 2018 година стнаа првиот купувач на карти за пат на Месечината, а тогаш рекол дека во 2023 година со себе ќе понесе уметници, за да се создадат уметнички дека инспирирани од месечината. Но, се чини дека сега оставил уште едно место во тој вселенски брод, за својата идна љубов.

„Сакам да ја најдам својата животна сопатничка и од вселената да ипратиме порака за нашата љубов и мир во светот“, напишал Маезава.

Сите жени кои имаат повеќе од 20 години моментално можат да се пријават преку интернет страницата на Маезава. Не е потребно познавање на јапонскиот јазик, се што е потребно е жените кои ќе аплицираат да имаат „ведра личност“, „сакаат да уживаат во животот и сакаат мир во светот“.

Како што пресметал, нему и неговата партнерка ќе им бидат потребни три години да се запознаат пред патот до месечината, па затоа се надева дека до крајот на март ќе ја запознае вистинската љубов.

Слични содржини