Милијардер го тужи Facebook за измама

од Vladimir Zorba

Австралискиот милијардер Ендру Форест го тужеше Facebook затоа што не успеале да го заштитат.

Форест ја тужел компанијата бидејќи на нивните мрежи кружеле лажни огласи со неговата слика, кои биле користени за измама.

Тој тврди дека Facebook ги прекршил австралиските закони за спречување перење пари со тоа што дозволил да се развијат измами поврзани со криптовалути на нивните мрежи.

Ова е првпат Facebook да се соочи со кривична пријава која е глобална.

Компанијата Меtа, сопственик на Facebook, се огласи преку ПР-службата и не сакаше да ја коментира тужбата на Форест, но наведе дека „се залагаат да ги отстранат ваквите измами и измамници од нивната мрежа“.

Австралискиот милијардер наведува дека оваа измама трае од 2019 година.

Станува збор за измамници кои ги користат неговите слики и неговиот имиџ, како и оние на други познати личности, за да промовираат лажни инвестиции во криптовалути и да ги мамат луѓето.

Иако Facebook забранува такви работи, објавите се уште се појавуваат по повеќе од две години и сега Форест сака да наплати за тоа.

Еден клиент изгубил над 600.000 долари поради измама што штотуку пристигнала од профилот што користел слика на Форест, па тоа ја предизвикало лавината.

Слични содржини