Милијардерот изгради чудо под Лас Вегас: Вака ќе изгледа тунелот на иднината (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Компанијата во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, „Boring“, го завршила ископувањето на вториот од двата тунели наменети за подземниот транзитен систем.

Компанијата минатата година добила договор за изградба на систем од тунели долг 1,6 километри. Трошоците изнесуваат 52,5 милиони долари, а сите работи ќе бидат завршени во јануари 2021-ва година. Ова претставува прв чекор на „Boring“ во комерцијалниот транзит.

Проектот е официјално наречен „Convention Center Loop“, а ќе пренесува патници под центарот Конвенш во Лас Вегас и тоа во автономни електрични возила на Тесла. Системот е дизајниран така што во еден час ќе може да транспортира повеќе од 4.000 луѓе, така што за 15 минутно одење ќе биде заменето со двоминутно возење. Идните проширувања би требало да го поврзуваат славниот Стрип, Меѓународниот аеродром и стадионот Лас Вегас.

Сега кога двата тунели се завршени, компанијата ќе почне со работа на надземните станици за патници на двете страни од тунелот, а ќе постои и трета подземна станица во средината на кругот.

 

Слични содржини