МИЛИОН ЛАЈКОВИ ЗА САМО 10 ЧАСА: Принцот Џорџ наполни 8 години (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Секоја година на роденденот на принцот Џорџ, неговата мајка Кејт го фотографира својот прв син, а потоа ја споделува таа фотографија со јавноста.

Гордата мајка го фотографирала својот син во нивната куќа во Норфолк додека седел на теренското возило на неговиот прадедо Филип, кој почина во април годинава. На овој симболичен начин, Џорџ му оддаде почит на покојниот војвода од Единбург.

Џорџ позираше во тегет маица со портокалови ленти и морнарски бермуди, а го красеше широка насмевка, а невозможно е да не се забележи колку момчето личи на неговиот татко Вилијам.

Фотографијата собра скоро милион лајкови за само 10 часа, а многумина не ја пропуштија можноста да коментираат за сличноста на малиот принц со неговиот татко.

Слични содржини