Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Милиони луѓе нема да умираат од нуклеарни бомби, туку од вируси, предупреди Гејтс уште во 2015-та (ВИДЕО)

Милиони луѓе нема да умираат од нуклеарни бомби, туку од вируси, предупреди Гејтс уште во 2015-та (ВИДЕО)

Кога бев мал, катастрофата од која се плашевме најмногу е нуклеарна војна. Затоа имавме буриња како ова во подрумот, многу лименки со храна и вода. Кога би дошло до евентуален нуклеарен напад, требаше да се спуштиме по скалите, да се смириме и да јадеме од тоа буре, вели милијардерот Бил Гејтс во свој ТЕД говор во 2015-та година.

Денес, најголемиот ризик од глобална катастрофа не изгледа вака. Всушност, ако нешто убие над 10 милиони луѓе во следните неколку децении, најверојатно станува збор за исклучително заразен вирус, отколку војна. Не ракети, туку бактерии. Ова е делумно затоа што инвестиравме многу пари во спречувањето на нуклеарна закана. Но, ние всушност инвестиравме многу малку во системот за да се запре епидемија. Не сме подготвени за следната епидемија, вели Гејтс.

loading...