Милјардер бара осум лица на кои ќе им го плати патувањето до Месечината (видео)

од Nikola Popovski

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава покани осум лица да му се придружат на патување околу Месечината во ракетата „Спејс Х“ на Илон Маск.

„Сакам да ми се придружат луѓе од различни групи“, рече тој во видеото што го објави на Твитер, заедно со деталите за пријавата.

Милјардерот објави дека ќе плати за патувањето, па секој што ќе му се придружи ќе лета бесплатно. Летот е планиран за 2023 година.

Апликантите мора да исполнат два критериума: тие треба да напредуваат во „секоја активност“ со која се занимаваат „за да на некој начин да им помагаат на другите луѓе и на општеството како целина“ и треба „да бидат подготвени да ги поддржат другите членови на екипажот во нивните аспирации“, рекол тој, пренесува Индекс.

Кој е Маезава?

Маезава го направи своето богатство во модната индустрија, а минатата година сними документарен филм во кој бара нова девојка која ќе му се придружи на летот. Проектот на крајот беше откажан поради „измешани чувства“.

Во 2018 година беше објавено дека Маезава ќе биде првиот приватен патник што ќе лета околу Месечината со „Space X“.

Цената што ја плати не беше објавена во јавноста, но Маск рече дека станува збор за „многу пари“.

Мисијата е планирана за 2023 година и треба да биде првото лунарно патување со екипаж од 1972 година.

Слични содржини