Милош Биковиќ откри чуден руски новогодишен обичај: „Мислев дека само Србите имаат чудни обичаи…“

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Милош Биковиќ веќе подолго време живее на релација Русија-Србија. Бидејќи тој одлично го совлада рускиот јазик, полека доаѓаат на ред и руската култура и менталитет. Еден руски обичај во пресрет на Новата година беше особено изненадувачки за Милош.

Имено, актерот на својот профил на Инстаграм снимил видео на руски јазик, при што објаснил новогодишен руски обичај, за кој неодамна дознал.

„Мислев дека само Србите имаат чудни обичаи…кога тоа… Дали знаевте дека Русите палат парче хартија на полноќ на 31 декември, на кое претходно пишуваат желби, и додека гори, го фрлаат во шампањ и го пијат сето тоа заедно до последната капка“, објасни Биковиќ под ова видео.

Слични содржини