Милошоски: Бугарија има поддршка уште од најмалку 2 земји членки

од Берта Китинска

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

-Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала  и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка. По однос на македонско-бугарскте спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година.Сепак по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ.Истовремено неколку ЕУ членки, меѓу кои се и Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или преговарачка рамка само за Албанија поединечно.Германското претседателство ја прекинало дискусијата заради немање на консензус и темата за проширувањето повторно ќе биде отворена на состанокот на COREPER на 7-ми декември, во понеделник.(дипломатски извори, Брисел), пишува Милошоски.

Слични содржини