Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше толку нервозен во врска со предметот „Рекет“, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска,напиша утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот прифил  на Фејсбукпо маратонската лидерска средба.

„Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во ‘Рекет’ е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, додава Милошоски.

 

Од друга страна пак брифери од преговарачкиот тим на власта посочија дека договор нема затоа што ВМРО ДПМНЕ сака блокада и само запирање на сите предмети на СЈО кои се против челниците на оваа партија.

„Апелираме за одговорно и државничко однесување на сите политички чинители вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ. Време е после две години неодговорно однесување во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ да престане да ѝ штети на европската иднина на државата. Долго време преговараме за овој Закон и ред е да носиме принципиелни одлуки кои ќе овозможат правда, независно судство и обвинителство и фер постапки за сите, истакнаа брифери од преговарачкиот тим на власта  ноќеска , по пропаѓањето и прекин на преговорите на лидерската средба меѓу лидерите на власта и опозицијата, Зоран Заев и Христијан Мицковски.

Одговорноста за неуспехот на овој процес ќе биде токму на ВМРО-ДПМНЕ кои постојано му  штетат на владеењето на правото, оние кои воведоа неправда и Сваровски судство во земјава, оние кои упорно бараат политиката да одлучува за правната одговорност на политичарите. Ние немаме од што да се криеме или бегаме, сакаме да овозможиме правда и независно судство. Тоа го сакаат граѓаните, тоа го очекуваат нашите пријатели од ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ да си ја преземе одговорноста за штетите што ги прави по правната држава и по европските интеграции на земјава“ – заклучуваат од преговарачкиот тим на власта кои заминаа од преговорите нешто по  три часот по полноќ, по повеќе од 6 часа мачни преговори.

Дека преговорите се пропаднати потврдиноќеска и медиумската агенција МИА.

Без договор заврши вечерашната средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски за Законот за јавното обвинителство и за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, објави МИА.

Извори на преговарачкиот тим на СДСМ брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддрежан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници, пренесе МИА.

Други извори од преговарачкиот тим на власта уште подиректно велат дека всушност вечерва ВМРО-ДПМНЕ со часови ги изневерувала очекувањата на граѓаните.

Нивната единствена цел била уништување на сите предмети од СЈО до 30 јуни, а тоа сакале да го постигнат преку тоа што нивни обвинител би ги преземал сите предметите за да подоцна ги затвори и уништи. А, предметите после 30 јуни да се затвореле со закон.

Власта им понудила формирање нова обвинителска институција која ќе гони висока корупција сторена од избрани и именувани функционери, од сега па во иднина, со нови случаи, без разлика кој е на власт. Предлогот бил Шеф на таа нова обвинителска институција да предлага опозицијата, но и тоа го одбиле  зашто нив не ги интересира иднината на правната држава, туку нив ги интересира да стопирање на предметите на СЈО.

Ја одбранивме правната држава. Со вчерашното преземање на предметите од страна на ЈО
Целосно е обезбедена иднината на СИТЕ предмети на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство. СИТЕ предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство.

Шефот на јавното обвинителство ќе одреди, согласно законските овластувања кој јавен обвинител ќе го продолжи секој од предметите. Со ова, судбината на случаите се решава во јавното обвинителство и во судството, а не на преговарачка маса меѓу политичките партии. Државата конечно изгради независен судски систем кој функционира непречено, систем кој не може да биде спречен од која било политичка партија брифираат вечерва по пропаѓањето на преговорите од преговарачкиот тим  на власта.

Не се знае дали во следниов период повторно ќе има средби меѓу преговарачките тимови од двете страни.

Слични содржини