Милошоски е меѓу поледните говорници , затоа што знае дека нема да дојде на ред, вели Џафери

од Берта Китинска

Нема да дозволам да се узурпира Собранието. Нема да дозволам да се вратат сликите од 27 април, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Значи ако сум ги затворил вратите по Деловник, да се утврди фактичка состојба затоа што тоа е процедура, за разлика од некои, не сум ги отворил вратите па да ги доведам во прашање животите на луѓето.И сега да застанете сите тука и да ми тргате микрофон. Јас не ги отворив вратите да ги загрозам животите на луѓето. Пак ќе повторам зошто Антонио Милошоски е ставен меѓу поледните говорници на листата, кога е прв потписник на интерпелацијата. Затоа што знае дека нема да дојде на ред. Јас ќе продолжам да си ја вршам работата“, вели Џафери.

Слични содржини