Милошоски ја откри дефиницијата за Делчев за која треба да се согласат Заев и Борисов

од Берта Китинска

Антонио Милошоски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук ја откри  дефиницијата за Гоце Делчев за која треба да се согласат двете страни кога ќе ја остврат средбата во ноемеври.

„Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:

Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров и други).Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија.“, напиша Милошоски.

Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за…

Публикувахте от Antonio Miloshoski в Понеделник, 19 октомври 2020 г.

Слични содржини