Милошоски: Коѕијас е архитект на Договорот, а Каменос смислено испланиран опонент

од desk2

Во врска со оставката на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, својот став на Твитер го напиша и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Според него, повлекувањето на Коѕијас е знак дека Договорот од Преспа е мртов. 

„Договорот од Преспа имаше еден архитект (Коѕијас), двајца потписници (Коѕијас и Димитров) и еден смислено испланиран опонент (Каменос). Повлекувањето на Коѕијас и продолжувањето на сојузот Ципрас-Каменос е потврда дека Договорот од Преспа е мртов. Димитров може да си поднесе оставка“, напиша Милошоски на Твитер.

Слични содржини