Милошоски: „Моќник” е политички мотивиран случај

од Берта Китинска

Денешното рочиште на предметот „Моќник” беше одложено.

Во судница беше присутен обвинетиот Антонио Милошоски, кој заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

– „Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, се поканети да го следат овој предемт со цел самите да се уверат дека се работи за  правно неоснован и политички мотивиран случај. Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, прво истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанва, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Државната ревизија утврдила дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО, изјави Милошоски.

Во  обвинителниот акт за овој предмет се  опфатените 10 лица се товарат дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување.

– Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот,  заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, соопштија од обвинителство.

Судењето е закажано за 23 декември .

 

Слични содржини