Милошоски му порача на Рамчиловиќ дека е „купен за функција“, тој врати дека ВМРО-ДПМНЕ „клечат пред странците“

од Vladimir Zorba

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека „за мнозинството во Собранието политичката трговија е поважна од принципите, а Зекир Рамчиловиќ е човек кој е купен за функција“.

-Денешната политичка трговија во Собранието е уште еден доказ дека политичката трговија е принцип на кој функционира оваа власт, рече Милошоски.

Неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев посочи дека во Собранието има пет поптретседатели и пет земеници на генераниот секретар за да се задоволат партиските апетитити.

-Вреди ли да се погази се за три месеци да бидете функционер. Дали треба да има конзистентност или да го менуваме мислењето два, три, четири и пет пати, праша Ѓорчев и додаде дека е очито оти со Рамчиловиќ имаат различни поимања и различни сваќања за чест и чесност.

Во реплика Рамчиловиќ му порача дека ВМРО-ДПМНЕ се најмалку повикани да говорат за чест и чесност и за политичка трговија.

-Вие тоа што го правите е крајно лицемерно – пред странците клечите, а она што го зборувате и работите пред јавноста е нешто друго. Сум зборувал дека сум против промена на уставното име на државата, но со вашите дејствија направивте народот да не може да си го каже својот збор и му го префрливте легитимитетот на Собранието. Доколку не гласав како што гласав за Уставните измени ќе морав да ја погазам својата заедница која ја поддржа промената на името, рече Рамчиловиќ.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор порача дека изборот на Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието не се базира на искрени и чесни намери, туку исклучиво на математика и калкулации.

– Разочаран сум што Рамчиловиќ токму сега ја прифати функцијата, но не мислам дека е непристојно тоа. Но, сепак не мислам дека Собранието е пристојно место, потенцира Димовски.

Слични содржини