Милошоски: Не е вистина дека некој од независните пратеници го снимал Заев

од Aleksandar Todeski

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку Фејсбук реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека разговорот кој вчера беше објавен бил снимен од еден од независните пратеници. Според Милошоски, не е вистина дека пратеник кој со кој Заев често се среќавал во владата го снимил и истото му го доставил нему.

Фото: Борче Поповски

„По однос на аудио снимката во која поранешниот премиер експлицитно признава дека се мешал во носењето на судските и обвинителските одлуки, Заев лаже дека истата ја снимил некој од пратениците со кои често се среќавал во владата. Овој заклучок може да се извлече од доставениот трснскрип од укажувачот, во кој е наведено дека разговорот се случува во присуство на З.З., едно лице опфатено со случајот “Рекет” и едно н.н. лице, во текот на Мај 2019 година. Владата и влезот во премиерскиот кабинет, заради безбедносни причини, се под постојан видео надзор и не е воопшто тешко да се провери кои биле гостите на Заев во текот на Мај 2019-та“, пишува Милошоски.

Лидерот на СДСМ пак, во интервју за „Прес 24“ вели дека снимките најверојатно настанале на некој од состаноците во рамки на преговорите кои се водеа со групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе законот за Јавно обвинителство.  Toa се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство“, истакнува Заев.

Слични содржини