Милошоски: Обвинителите од СЈО не треба да бидат префрлени во обвинителството на Русковска

од Viktor Jovanov

Предлогот за законот за ЈО, четврти по ред од министерката Рената Дескоска пристигна до нас, договорено е до крај на неделата да имаме средби со власта на кои ќе разговараме за законот. Имаме голем број на забелешки. Се остава простор за удомување на поранешните обвинители од СЈО во обвинителството на Русковска, мислиме дека тоа не е во ред. Нема потреба некој да биде привилегиран, знаеме како завршија на еден контроверзен начин, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Тој смета дека меѓународната заедница нема да му дозволи односно да му даде кредит на лидерот на СДСМ, повторно да направи мнозинство со оние 8 пратеници кои се издвоија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со кои се направи двотретинско мнозинство за уставните промени.

-Тој кредит кој што поранешниот премиер Заев го имаше за да прави поткуп на пратеници во Собранието со разни средства, го потроши преку корупцијата која ја води. Никој ниту од домашната ниту од меѓународната заедница не му даваат бланко карта да обезбедува така мнозинство за вакви суштински закони, вели Милошоски.

Слични содржини