Милошоски: Очекувам резолуцијата да помине во Собрание

од Nikola Popovski

Денешната средба со пратениците на ДОМ, ЛДП и на Демократскиот сојуз беше продуктивна и во принцип оценивме дека суштината на оваа декларација може да биде политички корисна во самата резолуција, тоа се меѓународни норми и стандарди поврзани со човековите права и правата на секој народ да се самоидентификува и да си ја определува својата култура, но и историографија, јазична традиција и сл.“, информира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тој очекува оваа резолуција да помине во македонското Собрание.

„Сметаме дека доколку политичките партии се обединат за една ваква заедничка резолуција, тоа ќе биде корисно и за Македонија, ќе биде корисно и за македонското општество да нема дополнителни поларизации, а сметаме дека може да биде корисно и во рамките на самата ЕУ да ги претстави на еден праведен и сериозен начин позициите на Македонија како дел од европската култура и македонскиот народ како дел од европските народи“, вели Милошоски.

Слични содржини