Милошоски: Османи може да менува само статут на ДУИ, а не Уставот

од Vladimir Zorba

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на новинарско прашање што смета за најавите на министерот за надворешни работи, Бујар Османи за промена на Уставот со цел да се стават Бугарите во преамбулата, одговори дека Османи може да коментира само промена на статут на ДУИ, а не промена на македонски Устав.

„Господинот Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови. Но како министер за надворешни работи Бујар Османи нема право да го нуди македонскиот Устав бидејќи тој не е на распродажба и да ја отвора Пандорината кутија за да задоволи нечии големодржавни интереси“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.

Слични содржини