Милошоски: Овие избори изгледаа како владини или антивладини

од Nikola Popovski

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски проценува дека премиерот Зоран Заев ќе остане на својот став за оставката од претседател на Владата.

-Сметам дека не е без преседан. Имало досега оставки на претседатели на партии поврзани со избори, како што направи Бранко Црвенковски во 2013, Груевски во 2017 и др, вели Милошоски во емисијата „Само вистина“.

Тој е сигурен дека „Заев направил пресметки и анализа после првиот изборен круг“.

-Во вториот круг се покажа дека тој како политичар изгубил легитимитет, а со тоа и самата влада. Овие избори изгледаа како владини или антивладини, поради тоа што учествуваше целата влада на прес-конференции. Таквиот влог ги направи овие избори да бидат повеќе од локални, смета Милошоски.

Слични содржини