Милошоски побара Османи јавно да ги објави македонските одговори на бугарските барања

од Берта Китинска

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска поднесе барање до министерството за надворешни и работи и министерот Бујар Османи, да достави одговори на одговорите за 5+1 барањата од страна на Бугарија.

Милошоски поканата упатена до министерот Османи ја објави на својот фејсбук – профил каде напиша:

„Наместо детали за македонско-бугарските преговори, патокази и анекси да се дознаваат од пратеници или министри во Софија, добро е владата на оваа тема да прифати јавна дискусија во Собранието, како претставнички дом на сите граѓани, а во интерес на демократијата и државата“.

Во поканата се бара од Османи до пратениците да бидат доставени одговорите на „план 5+1“ што ѝ се испратени на бугарската Влада.

„Пратениците имаат надлежност да бидат контролор на извршната власт, и затоа до Комисијата за надворешна политика да ги испратите одговорите на бугарските барања познати како „план 5+1“ кои македонската страна ги достави до официјална Софија во декември 2021 година. Сметам дека овој план не треба да биде тајна за пратениците, напротив, туку да се отвори сериозна дискусија во Собранието, кое има своја законска надлежност во креирањето на надворешната политика на државата.

Слични содржини