Милошоски повикан во Обвинителство да го достави разговорот што го објавуваше на прес-конференција

од Aleksandar Todeski

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски повторно ќе оди на средба во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, овој пат на покана на Обвинителството, а не на негова иницијатива, како минатиот пат.

Од Обвинителството велат дека по допрен глас од јавноста за аудио материјалот, тој е повикан да го предаде разговорот кај нив. Откако ќе бидат анализиран снимките, ќе се утврди дали може да користат за некој случај, или пак во носење на јавно-обвинителска одлука.

Милошоски објави разговор во кој Зоран Заев како премер заговара со други лица, чиј глас е исечен од материјалите. Заев потврди дека гласот е негов, но рече дека само ги коментирал одлуките на Врховен суд донесени во тоа време, не и дека договарал некаков случај.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини