Милошоски со писмо до МНР – бара информација за бугарскиот Меморандум

од Vladimir Zorba

Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска испрати барање до МНР за официјална информација во врска со Меморандумот испратен од Бугарија до земјите членки на ЕУ.

Милошоски од министерот Османи бара информација во врска со Меморандумот на Бугарија во кој се оспорува јазичниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, а „истовремено може да има и негативни импликации кон долгоочекуваниот почеток на преговорите со ЕУ“.

Слични содржини