Милошоски за „Моќник“: Обвинителниот акт е компромитиран по два основи

од Vladimir Zorba

„Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанева, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Државната ревизија утврдила дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО“, пишува на Фејсбук третообвинет во случајот „Моќник“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Случајот „Моќник“ е првата истрагата на СЈО, која беше преземена од страна на редовните обвинителства, а за која е поднесен обвинителен акт.

Меѓу обвинетите во овој предмет е пратеникот Милошоски. Тој е третообвинет за измама и злоупотреба на службената положба и овластувања, а во случајот за измама се товарат и неговиот татко и поранешниот градоначалник на Македонски Брод. Обвинителен предлог во рамки на предметот е поднесен и за првиот човек на некогашната Комисија за лустрација Томе Аџиев и за девет нејзини членови, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Обвинението се однесува на продажба на државен имот со измама и за нарачување лустрација на судија.

Слични содржини