Милошоски за случајот со Пауновски: Загрижен сум

од Nikola Popovski

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање околу разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, изрази голема загриженост од односот на Владата спрема директорот на таа институција кој, како што рече, е разрешен бидејќи си ја вршел работата како што треба.

-Како институција и како човек најголемата забелешка на Владата по однос на директорот Пауновски беше зошто тој пркосел на премиерот и на вицепремиерот. Гледаме дека оваа Влада за жал, кога има такви луѓе кои покажуваат интегритет ги разрешува, а кога има луѓе каде што има сериозни индикации за криминогено однесување не ги разрешува, напротив ги унапредува или штити, посочи Милошоски.

Тој смета дека случајот со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта и секое покажување на самостојно мислење може да биде ризично за, како што кажа, фукционер кој се осмелува да работи законито.

Пауновски изминативе месеца јавно се противеше на владината одлука Пазарниот инспекторат да прими 35 административци опфатени со програмата за прераспределба на рамковно вработените во јавниот сектор кои со години земаа плата, а не одеа на работа. Според Пауновски, наложените вработувања не соодветствуваа со потребите на Инспекторатот, образложение што не беше прифатливо за премиерот Заев и Владата.

Слични содржини