Милкова: Главниот штаб во ЦУК заседава 24 часа

од desk4

Помошник-раководителот на секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Марија Милкова рече дека единиците на локалната самоуправа се задолжени да стапат во контакт со јавните комунални претпријатија и останатите субјекти кои ги имаат на локално ниво да ги приберат сите потребни ресурси, материјално, технички и човечки ресурси кои може да ги стават на располагање во справувањето со пожарникарите на територијата која ја покривна нивната општина. Исто така, одредени активности се дадени кон МВР, Армијата, МЖСПП и останатите субјекти од системот за управување со кризи кои имаат свои надлежности во тој дел, во справувањето со пожарите, рече Милкова.

Милкова посочи дека Главниот штаб во ЦУК, е во постојано заседание и дека се достапни 24 часа.

– Се прибираат податоци и информации од терен и на лице место таму на највисоко ниво координацијата се врши во Главниот штаб. Ги прибираме, сите податоци и за текот на утрешниот ден договараме кои се најкритични места на кои треба да се распределат одредени ресурси за да се справиме со пожарите во тој дел каде што е најкритично во моментов. Во ЦУК и во другите министерства, субјекти од системот за управување со кризи постои една алатка, НАТО алатка која се вика НИКС, таа во моментов е покрената, во реално време се гледаат сите ресурси и субјекти кои ги имаат на локално ниво, рече Милова.

Според Милкова Главниот штаб јасно презентира, каде дејствува се Армијата, каде е полицијата, каде дејствуваат противпожарните бригади и останатото.

Одговарајќи на новинарски прашања Милкова рече дека во употреба се два армиски хеликоптери и четири српски хеликоптери.

– Три српски хеликоптери дејствуваат со еден наш хеликоптери, а едниот одмора, така е договорено, меѓутоа во попладневните часови на дејствување се вклучува. Таков е распоредот кој го прави Армијата според нивните стандардни оперативни процедури. Ние тука не навлегуваме, тие тоа го брифираат на седницата на Главниот штаб. Се кажуваа во текот на денешниот ден, во текот на утрешниот ден каде на кои места ќе ги распределат. Има голем број припадници на Армијата. Во делчевско-пехчевскиот регион се околу 130 војници во моментов распределени. Исто така има припадници на полицијата, истакна Милкова.

Таа посочи дека како што пред малку ги информирале колеги кои се на терен, состојбата во делчевскиот регион е благо веќе нормализирана, меѓутоа се уште не е ставена целосно под контрола, додека во пехчевскиот регион состојбата е поризична.

– Веќе е дојдено до селата Умлена, Црник, Мачево, Будинарци, меѓутоа не претставува опасност по куќите и по животот на населението и стоката која ја чуваат. Под контрола се држи меѓутоа во тој дел од пехчевската страна се уште состојбата не е задоволителна. Со оглед дека покрај човечкиот фактор неутврдено е дека пожарите се предизвикани од искричење на столбовите кои ги имаат АД Мепсо и ЕВН Македонија. Од вчера нивните екипи се на терен, работат за да видат дали од таму е произлезено нешто и наредните денови ќе имаме информации, потврда дали навистина пожарите се предизвикани од искричењето на тие електрични столбови, додаде Милкова.

Слични содржини