Милс изненаден зошто го нема во идеалната петорка на СП

од desk2

Најдобриот австралиски кошаркар, Пети Милс, преку социјалните мрежи откри дека од  Австралиската кошаркарска федерација го информирале дека ќе биде вметнат во идеалната петорка на првенството, а тоа не се случи.

Милс играше добро на Мундобаскетот, имаше просек од 22,8 поени, 2,3 скока и 3,9 асистенции по натпреварбеше најзаслужен за пласман на неговиот национален тим меѓу четирите најдобри, но Австралија иако дојде на чекор од медал, си замина дома со празни раце.

Во идеалната петорка на Мундобаскетот во Кина се најдоа Рики Рубио и Марк Гасол од ШпанијаСрбинот Богдан Богдановиќ, Французинот Еван Фурние и Аргентинецот Луис Скола, додека Милс за малку извиси. 

Слични содржини