Милвоки и Голден Стејт со победи ја отворија новата сезона во НБА

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на Голден Стејт и Милвоки со победи ја започнаа новата сезона во НБА лигата. Во првиот натпревар сезонава, Вориорс ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс на гости во Стејплс Центарот со 121: 114.

Стеф Кари со „трипл-дабл“ ефект од 21 поен (5/21 удар од игра, 2/8 за три) и 10 фатени топки и асистенции беше најзаслужен за победата, а Џордан Пул, исто така, придонесе за победата на Голден Стејт со 20 поени и три асистенции.

Кај поразените Лејкерси, Леброн Џејмс постигна 34 поени (13/23 шут од игра), 11 скокови и пет асистенции, Ентони Дејвис имаше 33 поени (15/26 шут од игра) и 11 фатени топки, но тоа не беше доволно да избегне пораз дома.

Расел Вестбрук натпреварот го заврши со осум поени, а Кармело Ентони со еден повеќе.

Актуелниот шампион Милвоки одбраната на титулата ја започна со убедлив триумф на домашен терен против Бруклин со 127:104.

Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 32 поени (12/25 шут од игра) со 14 скока и седум асистенции, а потоа следеа Крис Мидлтон со 20 поени и девет скока, како и Пет Конотон со ист кош учинок.

Кај Нетс, Кевин Дурент беше најдобар со 32 поени, 11 скока и четири асистенции, Џејмс Харден постигна 20 поени и осум скока и асистенции, а Пети Милс постигна еден поен повеќе.

Слични содржини