Милвоки ја освои титулата по 50 години!

од Vladimir Zorba

Милвоки го совлада Феникс со 105:98 (29:16, 13:31, 35:30, 21:28) и ја заврши финалната серија со 4:2. Бакс станаа шампиони во НБА за прв пат по 50 години!

Во знакот 50 беше и феноменалниот Јанис Адетокумбо. Гркот постигна 50 поени, најмногу во историјата на големото финале! Тој додаде уште 14 скока и пет блокади. Ова беше трет натпревар во серијата во кој Адетокумбо постигна 40+ поени и 10+ скока. Тој шутираше 16/25 од игра, и неверојатни 17/29 од линијата за слободни фрлања! Како и најдобрите стрелци, тој погоди само 55,6 проценти од „слободните фрлања“ во плејофот.

Во победничкиот тим се истакнаа и Крис Мидлтон со 17 поени и Боби Портис (влезе од клупата за резерви) со 16 поени. Треба да се потенцира и учинокот на Џру Холидеј – 12 поени, 11 асистенции, девет скока.

„Санс“ имаа расположен играч кај Крис Пол (26 поени), а Дејвид Букер шутираше очајно. Постигна 19 поени, но погоди само осум удари од 22 обиди. Тој промаши шут од три поени сите седум пати.

Сè „мирисаше“ на ваков епилог. Феникс немаше решение за Јанис Адетокумба, најдобриот играч во НБА за сезоните 2108/19. и 2019/20.

Слични содржини