Минатата година Русија извезла околу 17 милиони тони течен нафтен гас во Европа

од Radmila Tasevska

Во 2022 година Русија извезла околу 17 милиони тони течен нафтен гас (ТНГ) во Европа, што е за околу 20 отсто повеќе од извезената количина во 2021 година и на овој начин делумно го компензирала ненадејниот пад на извозот на ТНГ преку цевководи, соопшти денес аналитичката агенцијата Refinitiv. Eikon.

По прекинот на испораките на гас од Русија поради политичката криза предизвикана од војната во Украина, Европа го зголеми увозот на ТНГ, кој се транспортира во течна форма на минус 160 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.

Обемот на извозот на руски гас преку гасоводи во Европа минатата година падна на најниско ниво во постсоветскиот период, бидејќи војната во Украина и експлозијата на главниот гасовод Северен тек предизвикаа Европа да го намали увозот на ТНГ од Русија.

Слични содржини