Американските и руските воени авиони летаа опасно еден до друг во три одделни инциденти во текот на викендот над Медитеранот, вклучително и оној каде што беа оддалечени само 5 метри еден од друг, соопшти Пентагон.

Во инцидентите, кои се случија во петокот и саботата, учествуваа руски ловци Су-35, кои „ја преминаа патеката на летот на извидувачкиот авион на американската морнарица П-8А“, соопштија американските власти.

„Тоа е многу опасен и непрофесионален потег“, изјави неименуван претставник на американското Министерство за одбрана.

Инцидентите се случија во време на зголемени тензии меѓу Соединетите Држави и Русија поради трупањето на воените сили на Москва во близина на Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили во саботата откриле американска подморница во руските води кај Пацифичките Курилски Острови и употребиле одредени „соодветни средства“ за да ја одбијат подморницата.

Портпаролот на Индо-пацифичката команда негираше дека американската подморница оперира во руските територијални води.

Слични содржини