Минато се тепачките во автобусите и училиштата на етничка основа, порача Шилегов

од Nikola Popovski

Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов вечерва во дебатна емисија најави електронска комуникација на граѓаните со Град Скопје.

-Нејзиниот официјален став ќе биде после Нова Годин. Тоа ќе овозможи на граѓаните да имаат комуникација со Градот исклучиво на електронски начин, без да се чека редови, без да се чека на шалтери, рече Шилегов.

Во однос на вториот изборен круг, Шилегов повтори дека очекува поголема масовност, за разлика од првиот.

-Во првиот круг граѓаните изразија определена разочараност или гнев и тоа сериозно ни го кажаа на нас, луѓето коишто сме во политиката. Мислам дека токму поради изразот на тој гнев, бидејќи изборот е поедноставен, луѓето ќе излезат масовно да го заштитат она што го зборувавме, а тоа е континуитетот за развој на Скопје како модерен и европски град, кажа Шилегов, додавајќи:

-Се чувствува безбедноста и сигурноста што ја стекнаа граѓаните во изминатите 4 години во градот. За наша среќа, минато се тепачките во училиштата меѓу децата на етничка основа, како и во автобусите. Мирот и спокојот се голема придобивка, порача градоначалникот.

Слични содржини