Минеаполис гори: Активирана Националната гарда поради големите немири на улиците

од Nikola Popovski

Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото апсење.

Протестите започнале во средата, а огорчените учесници на демонстрациите ограбиле и уништувале продавници.

Градоначалникот Џејкоб Фреј побара од гувернерот на државата Минесота да испрати воени трупи – Националната гарда.

Протестите избувнаа по смртта на Џорџ Флојд, кој бил снимен како е задушен додека полицаец го притискал неговиот врат околу осум минути за време на неговото апсење.

Снимката покажал дека Флојд го молел полицаецот да го тргне коленото, велејќи  дека не може да дише.

Волц вчера повикал на мир и изјавил дека насилството е „исклучително опасна ситуација“ и ги повика луѓето да се разотидат.

Американското правобранителство и Федералното биро за истраги (ФБИ) во Минеаполис објавиле дека водат кривична истрага за смртта на Флојд и дека случајот им е приоритет.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер во средата побарал истрагата да биде забрзана.

Слични содржини