Минималната плата годинава ќе биде над 20.000 денари, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи обезбедува постојан раст на минималната плата, соопштија утрово од владеачката партија. Од таму очекуваат во март годинава минималната плата да се зголеми и да изнесува над 20.000 денари.

-Минималната плата лани е покачена на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 9.000 денари. Со мерките и политиките на СДСМ платите растат и во време на криза, потенцираа од партијата на власт.

Синоќа и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска информираше дека се очекува минималната плата да достигне 20.200 денари.

-Очекуваме да биде околу 20 200 денари минималната плата, значи ќе имаме минимална плата над 20 000 денари. Во март 2023 ќе имаме двојно зголемување на минималната плата во некои сектори кои исплаќаа по 8000 денари плата во 2017, рече министерката во гостување на дебатна емисија.

Слични содржини